четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Папата Франциск за православниот Велигден бара примирје во Украина

Папата Франциск за православниот Велигден бара примирје во Украина

Папата Франциск се приклучи на повикот на генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш за прекин на огнот во Украина на Велигден, кој православните верници го слават на 24 април, соопшти Светата столица.

– Светата столица и Светиот Отец се придружуваат на повикот кој на 19 април го упати Антонио Гутереш, генералниот секретар на Обединетите нации, во договор со Неговата Светост Свјатослав Шевчук, поглавар на Грчката католичка црква во Украина, за прекин на огнот на Велигден по Јулијанскиот календар, на 24 април, се вели во соопштението од Ватикан. (МИА)