Фудбалерите на Академија Пандев ја задржаа втората позиција на табелата со триумфот на домашен терен попладнево над Брегалница (2-1), додека Скопје забележа гостински триумф (1-0) над градскиот ривал Работнички во рамки на 29. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Преостанатите четири прволигашки натпревари се на програмата утре од 16 часот, а се среќаваат Шкендија – Македонија ЃП, Шкупи – Ренова, Струга – Пелистер и Тиквеш – Борец.
Табела: Шкупи 68, Академија Пандев 58 (+1), Шкендија 53, Македонија ЃП 53, Брегалница 39 (+1), Ренова 38, Работнички 37, Струга 36, Скопје 29 (+1), Тиквеш 27, Борец 18, Пелистер 10.