четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Уапсени двајца 25 годишни скопјани – наместо да лежат во затвор се шетале слободно

Уапсени двајца 25 годишни скопјани – наместо да лежат во затвор се шетале слободно

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје денеска ги лишиле од слобода Р.Р.(25), со живеалиште во Скопје, и С.Р.(25) од Скопје.

Како што информираа од МВР, Р.Р. се барал за издржување казна затвор од три години за извршено кривично дело „тешка кражба“ по член 236, додека С.Р. за издржување затворска казна во времетраење од две години во врска со кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик.

Двете лица се приведени во полициска станица и ќе бидат спроведени во казнено-поправна установа за издржување на казните.