Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML 2.8 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, на 115 км југоисточно од Скопје кој потекнува од епицентрално подрачје Пехчево-Кресна, регистрираше изутринава во 6:36 часот телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево.
Ова го соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје од каде посочуваат дека земјотресот бил почувствуван во Делчево, Берово и Пехчево. рп/
2022-04-25 08:57:49, од Рената Пепељугоска