четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Разочараниот Левандовски ја донесе конечната одлука

Разочараниот Левандовски ја донесе конечната одлука

Во текот на вчерашниот ден спортскиот директор на баварскиот клуб, Хасан Салихамиџиќ, изјави дека нема ништо од заминување на Роберт Левандовски оваљ лето, но „Спорт Билд“ денес пишува дека, без оглед на овие зборови, првиот стрелец во Бундеслигата го напушта клубот.

„Спорт Билд“ пишува дека Левандовски истовремено е изненаден и разочаран од клубот за кој играше во последните осум години. На првиот состанок со директорите Оливер Кан и Хасан Салихамиџиќ немало разговор за можно продолжување на договорот кој би се официјализирал на крајот од оваа сезона,

Иако се чинеше дека Барселона е фаворит за трансферот на Полјакот, тој би можел да остане во Бундеслигата. Според последните информации, Левандовски би можел да се врати во Борусија, екипата која ја напушти во 2014 за да потпише со Баерн.