Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против полицискиот службеник Ф.М., вработен во Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 став 1 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.
Имено, пријавениот во својство на полициски службеник на ден 26.03.2022, во вршењето на службата, врз оштетениот Т.Г. од Битола неосновано и прекумерно употребил физичка сила и застрашување.
Против полицискиот службеник ќе биде покрената и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.