На 25.04.2022 во ОВР Гостивар било пријавено дека во домот во гостиварското село Вруток со убодни рани по телото била пронајдена почината 55-годишна жена, се наведува во билтенот на МВР.
Станува збор за Б.А. од Република Албанија. Таа живеела во селото.
Јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар извршиле увид и се работи на расчистување на случајот.