четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пожар во Визбегово, нема повредени лица

Пожар во Визбегово, нема повредени лица

На 25.04.2022 околу 15:00 часот во Полициската станица Чаир било пријавено дека настанал пожар во објект во изградба на улица „1555“ во с.Визбегово, скопско, сопственост на И.Ц.(49) од Скопје.

Со пожарот била зафатена и ограда на соседна фирма.

Екипа на Противпожарната бригада Скопје го изгаснала пожарот.

Повредени лица нема, а увид на место извршила екипа од Полициската станица Чаир.