четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Заеднички концерт на воените оркестри на Македонија и на САД за Европа и Африка

Заеднички концерт на воените оркестри на Македонија и на САД за Европа и Африка

Во населбата Аеродром во Скопје вечерва се одржува заеднички концерт на воените оркестри од армиите на Македонија и на САД за Европа и Африка „USAREUR-AF”.

Концертот е дел од предвидените активности во пресрет на вежбата „Swift Response 22”.

Посетителите имаат можност да проследат повеќе нумери со кои се претставува сојузништвото и се испраќаат пораки на пријателство и мир.

Воениот оркестар на Армијата на Република Македонија како дел од армиската соработка традиционално секоја година одржува заеднички концерти со воените оркестри од армиите на НАТО.

Според најавата од Генералштабот на Армијата, воениот оркестар на армијата на САД за Европа и Африка утре ќе има и самостоен настап на плоштадот во центарот на Скопје.

Најнови вести