четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Андоновски: Македонија и Албанија мора да бидат во средиштето на интересот на ЕУ и тоа токму сега и без дополнителни условувања

Андоновски: Македонија и Албанија мора да бидат во средиштето на интересот на ЕУ и тоа токму сега и без дополнителни условувања

Секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ Стефан Андоновски во емисијата Клан Дебата која се емитува на ТВ Клан Македонија зборувајќи за победата на Макрон во Франција рече дека сега е вистинскиот момент Албанија и Македонија да ги отпочнат преговорите за челнство во Европкста Унија.

-Македонија и Албанија мора да бидат во средиштето на интересот на ЕУ и тоа токму сега е без дополнителни условувања, треба да се направат напори за да се отпочнат преговорите, во спротивно ако заглавиме во овој период може да следува период на многу други приоритети, да се разводни состојбата целосно и вниманието да се пренасочи но од друга страна страна овие држави може да регресираат да чекорат назад и тоа што веќе го спомнав почнува да станува се повеќе скапо да се брани Европската Унија на Балканот кога немате деливери, немате резултати од страна на ЕУ. А кога, сега конкретно зборувам за Македонија направиле толку многу отстапки во последниве 30 годни и граѓаните тука не се посготвени за допполнителни отстапки како чуства како сентимент да даваат без да знаат дека сигурно ќе добијат нешто затоа што долго време слушаат ветувања дури и од самиот Макрон дека само да го решиме уште ова и ќќе следат портите на ЕУ. Така што мислам дека сега е време за решенија, цврсти, храбри и има простор кадешто може да се повлече една поцрвста една похрабра одлука и да се почне процесот на пристапување, порача Андоновски.

Најнови вести