недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Почина Мино Рајола, веста ја објави семејството

Почина Мино Рајола, веста ја објави семејството

Големиот фудбалски менаџер Мино Рајола почина на 54 годишна возраст, објави неговото семејство на социјалните мрежи.

-Со бескрајна тага ја објавуваме смртта на нагрижливиот и најчудесниот фудбалски агент. Мино до крајот се бореше со истата сила која ја имаше за време на преговорите за играчите. Како и обично, Мино не направи горд, а тоа никогаш не го сфати. Мино со својата работа допре до многу живот и напиша ново поглавје во историјата на модерниот фудбал. Засекогаш ќе ни недостасуваш. Мисијата на Мино да го направи фудбалот подобро место за играчите ќе продолжи со истата страст. Им благодариме на сите за огромната поддршка која ја имаме во овие тешки моменти и молиме за почит и приватност, стои во објавата на семејството.

Инаку пред два дена сите светски медиуми објавија дека Рајола починал, но набрзо пристигна демант за веста од него и од неговиот адвокат.