вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Роналдо не сака Лига Европа, се сели во Мадрид?

Роналдо не сака Лига Европа, се сели во Мадрид?

Португалецот Кристијано Роналдо е повторно посакуван во дресот на Реал Мадрид, а овие информации ги брифираат дел од медиумите во Шпанија.

Тој е апсолутен рекордер во повеќе сегменти од историјата на „кралевите“, па затоа и е еден од најголемите во клубот, за кој навивачите се уште сонуваат.

Иако во поодминати години, тој е се уште магнет во фудбалска Европа, прво играчки, а потоа и маркетиншки.

Со оглед на ситуацијата во Манчестер, кој нема да игра во ЛШ идната сезона, прашање е дали Роналдо ќе ја одработи и втората сезона во клубот, за која има потпишан договор и ќе остане да игра во Лига Европа, или пак ќе се реши за некоја нова дестинација, или пак трансфер во Мадрид.

.