петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Нема дилеми каде Мбапе ќе игра следната сезона, само остана уште еден мал проблем!?

Нема дилеми каде Мбапе ќе игра следната сезона, само остана уште еден мал проблем!?

Килијан Мбапе најверојатно ќе го напушти ПСЖ на крајот на оваа сезона.

Веќе е јасно дека има мали шанси Мбапе да се предомисли и на крајот да остане во францускиот клуб бидејќи во неколку наврати одбиваше да го продолжи договорот кој му истекува на крајот од оваа сезона.

Мбапе без обештетување ќе си замине од ПСЖ, што сигурно ќе биде огромен удар за парижаните бидејќи и оваа сезона е убедливо најдобриот играч на овој тим.

Познато е дека Мбапе веќе договорил се со Реал Мадрид, а доколку не се случи чудо на крајот од сезоната и официјално ќе биде објавено дека францускиот напаѓач кариерата ќе ја продолжи во кралскиот клуб.

Реал Мадрид веќе гласно зборува за доаѓањето на Мбапе, но францускиот напаѓач се уште не сака да се рекламира на оваа тема.

Тој од почит кон ПСЖ сака да го чека крајот на сезоната, но времето за тоа е се помалку. Le Parisien објави дека Мбапе веќе ги известил челниците на ПСЖ дека си заминува, и дека сега е во постојан контакт со своите агенти.

Имено, тие се обидуваат да одлучат кој е најдобриот начин Мбапе да објави дека го напушта ПСЖ и се сели во Реал Мадрид. Мбапе сака на најдобар начин да го напушти Париз и да не ги навреди навивачите, а вратата на клубот да ја остави отворена во случај на евентуално враќање.

Сепак, како што наведува Le Parisien, најважно од сето ова е што сите веќе се свесни дека Мбапе заминува и дека се помириле со тоа.