Манчестер јунајтед во понеделникот го одиграа последниот меч на „Олд Трафорд“ за оваа сезона, а притоа триумфираа со 3-0 против Брентфорд, по што дел од фудбалерите се збогуваа со навивачите затоа што ова им е последен настап во црвениот дрес на домашен терен.
Привремениот тренер Ралф Рангник заминува на крајот на сезоната од кормилото, а него ќе го наследи Ерик Тен Хаг, па поради тоа не е познато што ќе се случи со Кристијано Роналдо.
„Зошто би се збогувале со Роналдо? Сè уште има договор и јас колку што знам, ќе биде кај нас и следната сезона“, кажа Рангник по мечот со Брентфорд.
Роналдо на почетокот на сезоната се врати во Јунајтед по 12 години, а неговиот договор завршува во 2023 година.