петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ким Џонг-ун во посета на Кина

Ким Џонг-ун во посета на Кина

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун денеска ќе пристигне во дводневна посета на Кина, јавуваат кинеските медиуми.

Ким во Пекинг ќе се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг, средба која доаѓа по неговиот историски состанок со американскиот претседател Доналд Трамп во Сингапур минатата недела.

Ова е трета посета на Ким на Кина за три месеци. Во март неговата прва посета во странство откако дојде на власт во 2011 година беше токму на Пекинг, а во мај го посети градот Далијан во североисточна Кина.