сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

И ова ќе биде изненадување: Садио Мане во Баерн Минхен?!

И ова ќе биде изненадување: Садио Мане во Баерн Минхен?!

Според Скај Германија и нивниот новинар Флориан Питенберг, Баерн Минхен е заинтересиран за еден фудбалер на Ливерпул.

Хасан Салихамиџиќ веќе стапил во контакт со агентот на Садио Мане од Ливерпул, на кој му дале понуда за која тој веќе размислува.

Сенегалецот не им рекол веднаш не, па оставил простор за да размисли околу понудата и дали сака да игра во Германија.

Билд тврди дека Мане има доста добра понуда, веројатно и подобра од онаа во Ливерпул, така да може сето тоа да биде примамливо за овој фудбалер.