понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

45 мерки за брзо возење на територија на СВР Велес

45 мерки за брзо возење на територија на СВР Велес

Денеска, (09.05.2022) полициски службеници од СВР Велес спроведоа акциска контрола на подрачјето на СВР Велес за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишана, при што преземени се вкупно 45 мерки, од кои 7 возачи ја пречекориле пропишаната брзина во населено место, а 38 надвор од населено место. Притоа, 3 возила се санкционирани за движење со брзина поголема од 50 километри на час над дозволеното. На сите прекршители изгготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за посигурни патишта.