вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Регион

Реакција на бугарската црква по признавањето на МПЦ-ОА за канонска: Ова е навлегување во нашата црковна историја

Реакција на бугарската црква по признавањето на МПЦ-ОА за канонска: Ова е навлегување во нашата црковна историја

Вселенскиот патријарх Вартоломеј ја призна Македонската православна црква, но не и нејзиното име, вака пишуваат бугарските медиуми.

Додаваат дека одлуката за признавање на МПЦ-ОА за канонска, е во спротивност со статутот на Бугарската православна црква, која како што велат тие е наследник на Охридската архиепископија.

Инаку по вчерашната одлука, по неопределено време, статусот на автокефалност може да се постигне по дијалог со другите православни цркви, вклучително и со бугарската.

„Во оваа ситуација бугарската црква би можела да се одважи официјално да им подари свето масло на Македонците и да има општа канонска богослужба на 24 мај или да ја чека реакцијата на СПЦ“, пишуваат медиумите во Бугарија.

Можеби тие се сметаат себеси за наследници на Охридската архиепископија, а не на Бугарската православна црква, како што беше историски случај. Ова е навлегување во нашата црковна историја“, вели митрополитот Ловчански Гавриил.

Во статутот на БПЦ стои дека таа е обединета и неделива и е правен наследник на Преславската патријаршија, Охридската архиепископија, Трновската патријаршија и Бугарската егзархија.

„А катедралата на Охридската патријаршија е базиликата Света Софија во Охрид, изградена во 9 век од бугарскиот цар Борис-Михаил Крстител“, се вели во објавата на бугарската телевизија.