петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Жижиќ: Ви благодарам за пораките и поддршката

Жижиќ: Ви благодарам за пораките и поддршката

Кошаркарот на Макаби Тел Авив, Анте Жижиќ се разбуди по незгодниот пад на мечот против Хапоел, по што испрати видео порака од болница до неговите навивачи.

Клубот од Тел Авив го објави видеото на Жижиќ на социјалните мрежи.

„Здраво на сите, ви благодарам за пораките и поддршката. Многу ве сакам. Ќе бидам подобар кога ќе излезам од болница. Се гледаме наскоро. Напред Макаби“, кажа хрватскиот центар.

Жижиќ падна на паркетот, откако неговиот соиграч Кинан Еванс ненамерно го удри по главата.