петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведени 5 лица, нападнале и ограбиле млад скопјанец

Приведени 5 лица, нападнале и ограбиле млад скопјанец

На 11.05.2022 околу 01:55 часот, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода, ги лишиле од слобода Т.С.(21), А.С.(23), Ш.У.(22), М.М.(25) и Х.А.(23), сите од Скопје.

Како што информира полицијата, тие на ул.„Димо Хаџи Димов“ физички го нападнале В.А.(22) од Скопје и му одзеле лични предмети.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.