понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Реал Мадрид го добива најголемото засилување

Реал Мадрид го добива најголемото засилување

Шпанскиот шампион Реал Мадрид имаше одлични резултати оваа сезона во Ла Лига, а допрва ги чека и битката за трофејот во Лигата на шампиони, а пред нив е Ливерпул со кого ќе играат во големото финале, додека претседателот Флорентино Перез веќе со мислите е во летниот преоден рок.

„Кралевите“ летово се очекува да ангажираат неколку фудбалери, а меѓу нив се Килијан Мбапе и Антонио Рудигер, кои треба да пристигнат како слободни играчи, но Перез сака да го продолжи договорот и со Карим Бензема.

Французинот игра во одлична форма оваа сезона и има соработка до јуни 2023 година со шпанскиот гигант, па затоа „кралскиот тим“ му нуди соработка на уште една дополнителна година, односно до 2024 година.

„Марка“ објави дека искусниот напаѓач е во напредни преговори за нова соработка, па се очекува да стави потпис на договор во следниот период.