Германскиот ракометен гигант Кил имаше предност во текот на целиот натпревар, но на крај со реми се враќа од гостувањето кај Парис Сен Жермен кој заврши 30-30 во првиот четвртфинален судир од Лигата на шампионите.
Ремили со осум и Сипрзак со седум гола се истакнаа кај ПСЖ, а во редовите на Кил најефикасен беше Сагосен со шест гола.
Патникот на завршниот турнир во Келн ќе се одлучува на реваншот наредната недела на теренот на бундеслигашот.