четврток, 7. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Проблеми за Мајами пред мечот со Бостон

Проблеми за Мајами пред мечот со Бостон

Екипата на Мајами се соочува со голем проблем пред стартот на финалната серија на Истокот против тимот на Бостон.

Стартниот плејмејкер Кајл Лаури нема да може да ја започне серијата. 36-годишниот кошаркар има проблеми со задната ложа и поради тоа нема да може да го игра првиот натпревар, а за понатаму – ќе одлучи медицинскиот тим.

Некогашниот шампион со Торонто се повреди во третиот натпревар против Филаделфија. Првиот натпревар од финалната серија меѓу Мајами Хит и Бостон Селтикс се игра во среда од 2:30 часот по полноќ.