недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Култура

Слободен влез во Музејот на македонската борба по повод Меѓународниот ден на музеите

Слободен влез во Музејот на македонската борба по повод Меѓународниот ден на музеите

Националната установа Музеј на македонската борба за самостојност го одбележува Меѓународниот ден на музеите со слободен влез за сите посетители денеска во редовното работно време од 10 до 18 часот.

Како дел од постојаната музејска поставка посетителите, меѓу другото, ќе можат да ги погледнат и ексклузивните амбиентални претстави на етно куќа и берберницата на Гемиџиите, музејските раритети со исклучителни париња оружје и покуќнина, специјалната тактилна изложба ФОКУС, уметнички портрети на истакнати македонски историски ликови и останати презентации на македонското историско и културно наследство.

Дел од програмата на музејот е и ретроспективната изложба „Хартии“ на познатиот македонски уметник Сергеј Андреевски која е поставена во холот на Музејот на македонската борба.

Годинешната тема на Меѓународниот ден на музеите е „Моќта на музеите“.

Меѓународниот ден на музеите, 18 Мај, е востановен од Меѓународниот совет на музеите (ИКОМ) во 1977, со цел да се насочи вниманието на јавноста за важноста на улогата на музеите во современите општества.