недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Столтенберг ги поздрави апликациите за членство во НАТО на Финска и Шведска

Столтенберг ги поздрави апликациите за членство во НАТО на Финска и Шведска

Почестен сум што ги добив апликациите на Финска и Шведска за членство во НАТО, напиша генералниот секретар на Алијансата на Твитер.

Финска и Шведска утрово и официјално ги поднесоа нивните кандидатури за членство во Северноатлантската Алијанса преку нивните амбасадори во седиштето на НАТО во Брисел.

Апликациите ги прими генералниот секретар, Јенс Столтенберг, нарекувајќи го овој чин “историски“, тој додаде дека оваа одлука е клучна за безбедноста на Европа.

Финска и Шведска се очекува брзо да го финализираат процесот на зачленување во НАТО бидејќи ги исполнуваат основните критериуми, а се веќе и интероперабилни со системите на Алијансата.

Овие две земји одлучија да аплицираат во НАТО откако се засили воената агресија на Русија врз Украина, тие сметаат дека НАТО им нуди поголема безбедност во непредвидлив период.

До фазата на финализација на нивното членство, Финска и Шведска можат да сметаат на ЕУ за колективна одбрана, доколку дојде до напад од Русија во транзицискиот период. ЕУ располага со член во своите повелби кои ги обврзува другите земји членки на ЕУ да им помогнат на другите во случај на напад, само доколку нападнатата земја тоа го побара.

Со Финска и Шведска бројот на членки на НАТО ќе се искачи на 32. (МИА)