петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Столтенберг: Различните мислења во НАТО не се нешто необично

Столтенберг: Различните мислења во НАТО не се нешто необично

Не е невообичаено членките на НАТО да имаат различни мислења, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, мислејќи на актуелното одбивање на Турција да го поддржи членството на Финска и Шведска во НАТО.

– Не е невообичаено во НАТО да има различни мислења за важни одлуки. Кога има различни мислења, имаме големо искуство со тоа, седнуваме и наоѓаме решение, изјави Столтенберг за новинарите за време на посетата на Копенхаген.

– Ние сме во близок контакт со Финска, Шведска и Турција. Работиме на причините за загриженоста изразена од Турција, додаде тој. Столтенберг нагласи дека верува во „брза одлука“ за прием на двете земји во НАТО.

Шведска и Финска во средата ги поднесоа своите официјални кандидатури за членство во НАТО. Турција се спротивстави, обвинувајќи ги дека двете земји дека кријат и финансираат „терористи“, како и дека ги снабдуваат со оружје, зборувајќи за милитантната Курдската работничка партија (ПКК) и сириската курдска милиција (ИПГ), за кои тврди дека се тесно поврзани.