четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Џонсон вети фискална моќ за борба против зголемените животни трошоци

Џонсон вети фискална моќ за борба против зголемените животни трошоци

Британскиот премиер Борис Џонсон рече дека ќе мора да употреби фискални алатки за да им помогне на луѓето да се справат со зголемените животни трошоци во текот на следните месеци, споредувајќи ја задачата со поддршката што ја понуди владата за време на пандемијата на Ковид-19.

– Во месеците што следат ќе треба да го направиме она што го правевме претходно, ќе ја искористиме нашата фискална моќ што ја изградивме, што ја имаме, за да помогнеме, рече Џонсон.

– Ние повторно ќе ги заштитиме Британците како што правевме за време на Ковид, рече британскиот премиер.