ПСЖ објави дека Килијан Мбапе го продолжи договорот со нив на уште три години.
Клубот објави дека францускиот репрезентативец ставил потпис на договорот до 30 јуни 2025 година.
Мбапе и Реал минатата недела ги договориле сите детали за условите од договорот, што вклучува и 130 милиони евра како бонус за потписот.
Марка претходно јави дека фудбалерот бил под постојан притисок од владите на Катар и Франција и на крајот одлучил да остане во ПСЖ. Покрај неверојатните понудени услови, Килијан ќе има пресудна улога во изборот на новиот тренер и спортски директор
𝐍𝐨𝐭𝐫𝐞 𝐡𝐢𝐬𝐭𝐨𝐢𝐫𝐞 𝐬’𝐞́𝐜𝐫𝐢𝐭 𝐢𝐜𝐢
𝐈𝐜𝐢 𝐜’𝐞𝐬𝐭 𝐏𝐚𝐫𝐢𝐬🔴🔵 #KylianCestParis pic.twitter.com/LtCVEKeqis
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) May 21, 2022