Со долготраен аплауз и овации, синоќа во романскиот град Темишвар е награден ансамблот на НУ Народен театар-Битола чии актери ја изведоа претставата History of motherfuckers по Кориолан од Вилијам Шекспир во режија на Андраш Урбан.
Од НУ Народен теара-Битола информираат дека битолските актери Иван Јерчиќ, Соња Михајлова, Викторија Степановска- Јанкуловска, Сандра Грибовска и Николче Пројчевски, по завршувањето на претставата невообичаено долго останале на сцената поздравени од домашната публика.
На регионалниот театарски европски фестивал во Темишвар годинава настапуваат ансамбли и театарски групи од Романија, Унгарија, Босна и Херцеговина, Данска, Франција, Хрватска и Србија, а македонскската театарска сцена ја претставува НУ Народен театар-Битола со претставата која е одиграна на повеќе сцени во земјава и странство.