понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Вршелe јавен превоз без поседување лиценца, кривична пријава против две лица

Вршелe јавен превоз без поседување лиценца, кривична пријава против две лица

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Т.С.(54) од с.Брвеница, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“.

На 19.04.2022 на регионален пат с. Брвеница – Тетово, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „форд галакси“, управувано од Т.С., при што констатирале дека врши јавен превоз на патници без да поседува лиценца.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.П.(32) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без лиценца“.

На 20.05.2022 на крстосница меѓу бул.„Туристичка“ со ул.„Дејан Војвода“, пријавениот бил затекнат како врши превоз на патници со возило „форд галакси“, сопственост на неговиот татко А.П., без да поседува соодветна лиценца за вршење јавен превоз.