Бојан Трајковски и следните две сезони ќе биде дел од кошаркарскиот клуб Феникс 2010 откако официјално беше продолжена соработката.
Крилниот центар „виолетово-жолтите“ бои ги облече за вториот дел од сезоната, а оттогаш се наметна како незаменлив дел на младиот состав.
На 13 одиграни натпревари тој забележа просек од 20.5 поени, 10.1 скок и 3.2 асистенции.