Откако сите детали беа усогласени минатата недела, англискиот фудбалски гигант Челзи денеска и официјално премина во сопственост на американски конзорциум на чело со бизнисменот Тод Боли.
Челзи ја најави продажбата минатата недела, а попладнево преку клупско соопштение ја официјализираше трансакцијата.
– Чест ни е што сме нови сопственици на Челзи. Сто проценти сме во оваа нова работа. Нашата визија е јасна, секоја минута и во секој натпревар ќе работиме за нашите навивачи да бидат горди на клубот, изјави Боли, кој, воедно, е сопственик и на американската професионална безбол екипа Лос Анџелес доџерс.
Челзи е продаден за 4.25 милијарди фунти, со што заврши ерата на рускиот олигарх Роман Абрамович во чија сопственост клубот од Лондон беше 19 години и освои вкупно 21 трофеи.