петок, 12. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

За само 4 часа казнети 148 пешаци

За само 4 часа казнети 148 пешаци

Денеска (31.05.2022) во периодот од 07.00 до 11.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата, санкционирани се 148 пешаци од кои, 131 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин…
На 37 пешаци издадени им се покани за посетување на сообраќајна поука…

За време на контролата регистрирани се и 62 останати прекршоци.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

– Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници, додаваат од МВР.