Анастасија зборуваше и за веридбата
Пејачката Анастасија Ражнатовиќ беше на настан во главниот град каде проговори за роденденската прослава, како и за подарокот кој го добила од нејзиното момче Немања Гудељ.
Анастасија била воодушевена од портретот на нејзиниот татко Жељко Ражнатовиќ Аркан, кој го добила од нејзиното момче.
-Сите видовте, тоа е слика од мене и татко ми, навистина ме разнежни мене и мајка ми, што некаде е нормално затоа што тоа е болна точка, но прекрасен гест – изјави Анастасија која откри и како поминала забавата:
– Беше фантастично, феноменално, една од подобрите забави во мојот живот, што се однесува до мојот роденден, свадбата на Вељко е сеуште неприкосновена што се однесува до забавата, за мене беше феноменална, сите си поминаа одлично и добив грст пораки следниот ден беше најдобрата забава досега – изјави Ражнатовиќ.
Бидејќи се шпекулираше дека Немања ќе ја вери, Анастасија имаше само едно да каже на таа тема.
– Немам што да кажам, кратко сме заедно, не размислувам во таа насока, уживам во моментот како и во сѐ во животот што правам – беше искрена.