недела, 25. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Четворица од Реал Мадрид во идеалниот тим на Лигата на шампиони

Четворица од Реал Мадрид во идеалниот тим на Лигата на шампиони

Неколку денови по финалето одиграно во Париз, Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ги одбра најдобрите 11 фудбалери во сезоната која заврши со триумф на Реал Мадрид над Ливерпул од 1-0.

Во идеалниот тим се најдоа четворица фудбалери од новиот европски првак, исто толку од Ливерпул, и по еден од Манчестер сити, Челзи и ПСЖ.

Идеалниот тим во Лигата на шампиони во сезоната 2021/22 во избор на УЕФА (4-3-3):

Тибо Куртоа (Реал Мадрид) – Трент Александер – Арнолд (Ливерпул), Антонио Рудигер (Челзи), Вирџил Ван Дајк (Ливерпул), Енди Робертсон (Ливерпул) – Кевин Де Брујне (Манчестер сити), Фабињо (Ливерпул), Лука Модриќ (Реал Мадрид) – Килијан Мбапе (ПСЖ), Карим Бензема (Реал Мадрид), Винисиус (Реал Мадрид).  (МИА)