недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

СЕ ЕВАКУИРААТ ДЕЦА: Добиена дојава за бомба во белградската Зоолошка градина

СЕ ЕВАКУИРААТ ДЕЦА: Добиена дојава за бомба во белградската Зоолошка градина
фото: tanjug

Во тек е евакуација на белградската зоолошка градина поради дојавата за поставена бомба.

Стотици деца се изнесуваат од Зоолошката градина, а десетици од нив не можеле ниту да влезат.

Во моментов во близина на белградската Зоолошката градина е паркирана една полициска патрола и се чека пристигнување на единица за контрадиверзија

Во редакцијата на порталот Телеграф.рс стигна и ужасен мејл во кој непознат испраќач наведува дека на повеќе локации во Белград била поставена експлозивна направа.