На 05.06.2022 околу 03.00 часот во ОВР Струга било пријавено дека во с.Мислешево, струшко, настанал пожар на покривна конструкција од куќа, сопственост на З.Л.(66) од Струга, во која никој не живеел.
Противпожарната бригада од Струга целосно го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Увид бил извршен.