понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Училиште во БиХ добило мејл со дојава за бомба, го прочитале следниот ден

Училиште во БиХ добило мејл со дојава за бомба, го прочитале следниот ден

Полицијата во БиХ ги проверила просториите на средното училиште „Хасан Кикиќ“ и утврдила дека не се наоѓа бомба. Пребарувањето следувало откако вчера вработените во училиштето прочитале мејл во кој имало дојава за бомба. Мејлот со лажната дојава ибил испратен ден претходно, но тогаш никој не го прочитал, пренесува Индекс.

Откако го виделе мејлот, од училиштето ја контактирале полицијата која ги евакуирала учениците и наставниците.

По проверка на училишните простории утврдено е дека нема бомба. Денеска наставата се одвива редовно.