Лондонски Тотенхем веќе потврди две летни засилувања во Иван Перишиќ и Фрејзер Форстер, но очигледно е дека Антонио Конте носи сериозно засилување во нападот.
Угледните „Атлетик“ и „Дејли меил“ откриваат дека претставниците на Тотенхем веќе контактираше со Ришарлисон кој сигурно ќе си замине од Евертон ова лето, бидејќи неговите амбиции се многу повисоки од тоа да се бори за опстанок до последното коло.
Бразилецот се поврзуваше и со Арсенал, но англиската јавност тврди дека Тотенхем веќе издвоил 60 милиони евра и тоа ќе биде првата понуда со која ќе се обиде да донесе супер засилување за Конте.