вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Заев испратил помош од 20 тони македонски производи во Украина, украински пратеник му се заблагодари

Заев испратил помош од 20 тони македонски производи во Украина, украински пратеник му се заблагодари

Украинскиот пратеник Горениук Олександр изрази голема и јавна благодарност до поранешниот премиер Зоран Заев за испратената помош од 20 тони македонски производи за војската и цивилите во Украина.

-Продолжуваме да носиме хуманитарна помош во Украина. Денес Одеса доби хуманитарна помош од нашите добри пријатели од Северна Македонија, односно поранешниот премиер Зоран Заев и неговата „Фондација Заев – Едно општество за сите“.

Добивме многу потребни 20 тони производи кои ќе одат за потребите на вооружените сили на Украина, бегалците и оние на кои навистина им требаат. Многу сме благодарни на луѓето од оваа земја и лично на господинот Зоран Заев и неговото семејство за поддршката на Украина во борбата против руските окупатори, напиша пратеникот од Врховната рада во Украина на својот Фејсбук профил.

Најнови вести