Времето утре ќе биде претпладне сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Попладне ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме.
Стабилизација на времето не очекува во среда, додека највисока температура не очекува во петок со максимални 34 степени.
Од УХМР дадоа и актуелно предупредување за утрешниот ден:
Утре во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Од среда до петок ќе настапи стабилизирање на времето, а во деновите од викендот повторно се очекува локална нестабилност проследена со пороен дожд и појава на грмежи.