Инфлацијата во Србија, мерена преку растот на потрошувачките цени, во мај во однос на април е зголемена за 1,2 отсто, а во однос на мај минатата година е зголемена за 10,4 отсто, соопшти Републичкиот завод за статистика, пренесува Танјуг.
Цените на стоките и услугите за лична потрошувачка се зголемени минатиот месец во однос на декември 2021 година во просек за 5,6 отсто.
Во мај, транспортот најмногу пораснале на месечно ниво – за 2,5 отсто, потоа рестораните и хотелите (за 2,3 отсто), здравствените трошоци (1,5 отсто), храната и безалкохолните пијалоци (1,2 отсто), облеката и обувките (1,1 отсто).
Кириите, водата, струјата, природниот гас и другите горива поскапеа за 0,9 отсто, потрошувачката за култура за 0,6 отсто, алкохол и тутун за 0,4 отсто, образование за 0,2 отсто, комуникации за 0,1 отсто.
Цените на другите производи и услуги не се значително променети, велат од Институтот.