вторник, 5. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Џонсон: Не е време да се зборува за референдумот во Шкотска

Џонсон: Не е време да се зборува за референдумот во Шкотска

Премиерот на Обединетото Кралство, Борис Џонсон, не верува дека сега е време да се зборува за уште еден референдум за независност на Шкотска, изјавил денеска неговиот портпарол.

„Ова не е нешто за што премиерот верува дека јавноста сака која било влада да биде фокусирана во време кога има значајни предизвици кои моментално ги засегаат“, рекол тој, пренесува Ројтерс.

Шкотската премиерка Никола Стерџон денеска изјавила дека наскоро ќе даде повеќе детали за тоа како националниот парламент би можел да продолжи да организира нов референдум за независност без согласност на британската влада.

Таа кажала дека врз основа на резултатите од минатогодишните парламентарни избори во Шкотска, постои „неоспорен демократски мандат“ за гласање, кој таа има намера да го почитува, иако британскиот премиер Борис Џонсон одбил да издаде наредба да го дозволи тоа, пренесува Ројтерс.

„Ако сакаме да ја поддржиме демократијата овде во Шкотска, мораме да направиме пат напред, доколку е потребно без наредба од делот 30“, рекла таа, додавајќи дека се работи на тоа како да се продолжи, имајќи предвид дека британскиот парламент има овластување да го оспори шкотскиот парламент да одржи референдум.