Првото засилување за ПСЖ ќе дојде од редовите на Порто, бидејќи француските и португалските медиуми тврдат дека трансферот на Витиња во ПСЖ е завршена работа.
Трансфер сумата изнесува 40 милиони евра, а 22-годишниот фудбалер ќе потпише петгодишен договор.
Витиња кратко настапуваше на заем во редовите на Вулверхемптон, а минатата сезона одигра 47 натпревари во дресот на Порто.
Двата клуба наскоро ќе го официјализираат трансферот, кој ќе биде и прв на новиот спортски директор Луис Кампос.