Фолк пејачот Аца Лукас снимен е во еден ноќен клуб додека во позадина се слуша песната „Проверено“ која ја пее Милица Павловиќ.
Пејачот кој јавно ја поддржа Ана Николиќ која тврди дека Милица и ја украла песната сега е уловен како реагира на песната на Павловиќ.
Лукас седеше на сепарето додека во позадина одеше големиот хит на Милица, а во еден момент тој дури и аплаудира.
View this post on Instagram
„Лукас проверено, одлично се забавува“, „Му се допаѓа песната што да прави“, „Не е до Милица или Ана, изгледа е до песната“, „Човекот знае што е убаво“, „Малку ми е смешно“, се само дел од коментарите за хитот кој предизвика буквална бура во изминатите неколку дена во целиот регион.