понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Пожари во ниви со жито и сува трева

Пожари во ниви со жито и сува трева

На 19.06.2022 во 15:10 во Полициското одделение Петровец било пријавено дека настанал пожар на нива со житна култура, сопственост на правно лице од Скопје. Пожарот бил изгаснат од противпожарната единица Скопје, а повредени лица нема. Увид бил извршен.

На 19.06.2022 во 11:00 часот во Полициската станица Драчево било пријавено дека на 18.06.2022 околу 16.30 часот во викенд населба во с.Орешани, скопско, настанал пожар во кој била опожарена сува трева. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид бил извршен.