среда, 14. февруари 2024. Вести денес: 0
home Познати

Летниот танц на Роналдо стана вирален хит

Летниот танц на Роналдо стана вирален хит

Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо ужива на одмор со семејството, а во слободно време ја користи приликата да ги почести своите следбеници на социјалните мрежи со еден од летните танци, во досега невидено издание.

Асот на Манчестер Јунајтед ги покажа своите танцувачки потези додека уживаше на одмор во Мајорка додека трае летната пауза од клупските обврски.

Летниот TikTok танц „Опушти се, замавни и танцувај“ стана хит, а со него танцуваа и син му Кристијано Јуниор и сестрата Алисија Авеиро.

Се очекува Роналдо да се врати во Манчестер на стартот од подготовките на 27 јуни, но сè уште не се знае дали ќе остане на Олд Трафорд по доаѓањето на новиот тренер Ерик тен Хаг.

Минатата сезона ја заврши со 24 гола и беше најдобар стрелец на Манчестер Јунајтед.

Најнови вести