четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Со „голф“ удрил во бензинска на патот Градско- Прилеп и се превртел: Сопатникот завршил во болница

Со „голф“ удрил во бензинска на патот Градско- Прилеп и се превртел: Сопатникот завршил во болница

Ноќеска околу 01.30 часот на магистралниот пат Градско- Прилеп патнички автомобил марка „Фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управуван од Љ.Т. (19) од населбата Градско удрил во заштитната ограда од бензинска пумпа и се превртел на патот.

Во незгодата со повреди се здобил сопатникот Ѓ.Ѓ. (18) од Росоман кој бил пренесен и задржан на лекување во Јавната здравствена установа Општа болница Кавадарци.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.