петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Барцокас го продолжи договорот

Барцокас го продолжи договорот

Тренерот на Олимпијакос, Јоргос Барцокас, го продолжи договорот со клубот од Пиреја до јуни 2025 година, соопшти грчкиот кошаркарски шампион. Тој оваа сезона беше прогласен за тренер на годината во Евролигата.

Со Олимпијакос во Грција ја освои „двојната круна“, а „црвено-белите“ од Пиреја беа четврти на завршниот турнир во Евролигата во Белград.

Баркокас (57) го водеше Олимпијакос од 2012 до 2014 година, а во клубот се врати од Пиреја во 2020 година. Тој беше тренер и на Маруси, Лариса, Паниониос, Локомотив Кубан, Барселона и Химки, а ја освои Евролигата во 2013 година со Олимпијакос.