петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Хрватските хулигани открија: Ова е човекот што ги платил да направат хаос во Белград

Како што објави весникот „Вечерње Новости“, еден од шестмината Хрвати врз база на фотографии во весниците на полицијата и открил дека тој е човекот што ги ангажирал и ги собрал во еден загрепски хотел за да дојдат на трибината на Гробари и да направат хаос.
Хрватските хулигани открија: Ова е човекот што ги платил да направат хаос во Белград

Хрватските хулигани кои беа претепани и завршија во 30-дневен притвор по вечното дерби во Белград помеѓу Партизан и Црвена Звезда на полицијата ѝ го откриле идентитетот на човекот кој ги ангажирал за да направат хаос во битката за превласт на партизановиот југ.

Како што објави весникот „Вечерње Новости“, еден од шестмината Хрвати врз база на фотографии во весниците на полицијата и открил дека тој е човекот што ги ангажирал и ги собрал во еден загрепски хотел за да дојдат на трибината на Гробари и да направат хаос.

Шестмината Хрвати се кикбоксери или ММА-борци, но тие го извлекоа најдебелиот крај откако беа претепани и горени со факли во 10-минутната пресметка, а на крај беа голи избркани од трибината и пуштени на атлетската патека.

Инаку, станува збор за Филип Кораќ, член на криминална група од Црна Гора, кој на информативен разговор демантирал дека е вмешан во хаосот на партизановиот југ. Тој е осомничен како организатор, а сега Хрватите на полицијата ѝ откриле дека тој е човекот што ги собрал.